• сабота, 23 ноември 2024

Музички спектакл „Girls Night“ утревечер во „Јавна соба“

Музички спектакл „Girls Night“ утревечер во „Јавна соба“
Скопје, 26 април 2023 (МИА) - Музичкиот спектакл „Girls Night“, кој е фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке во изведба на четири млади актерки: Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви ќе се одржи утревечер во „Јавна соба“. 
 
Оваа сценска фузија од музика, кабаре, стенд ап и караоке е во продукција на „Public Room“, а стилист е Сашка Павловска.
 
-Актерките кои ги краси исклучителен вокален и актерски талент, тоа веќе го докажаа во претходните изданија на „Girls Night“, а дел од нив и на минатонеделното издание на „Глумците пеат“. Овој тим од четири неуморни актерки на сцена ја пренесуваат исконската музика со најголемите диско и клупски хитови почнувајќи уште од 80-тите, предизвикувајќи ги присутните да пеат и да танцуваат заедно со нив. Тие имаат подготвено и одлични комични текстови,  се вели во најавата за настанот. 
 
Според продукцијата, скопјани сакаат поинаков тип на забава. Овој настан е направен „по мерка“ на танц, глума и музика, за сите генерации. 
 
Билетите се достапни на барот во „Public Room“. мд/са/
 
Фото: Фејсбук на „Public Room“

Остани поврзан