Музеј на Град Скопје: Беа прикажани дела од проектот Каљари – Скопјe, инсталацијата на Шеќеров не се вклопуваше тематски
![Музеј на Град Скопје: Беа прикажани дела од проектот Каљари – Скопјe, инсталацијата на Шеќеров не се вклопуваше тематски](https://new.mia.mk/index.php/images/20231129113348_big_730x400_83.webp )
Скопје, 29 ноември 2023
Во врска со изнесените наводи за цензура во Музејот на Град Скопје, ве информираме дека се работи за проектот Каљари – Скопјe, “Cagliari – Skopje” - кој е плод на размена во областа на културата помеѓу Италија и Македонија.
Во текот на есента 2022 година беа реализирани две резиденции на уметници, една во Каљари, Сардинија и една во Скопје, каде македонски и италијански млади уметници заеднички твореа уметнички дела, инспирирани од културата и природата на околината во која се наоѓаат резиденциите – во Република Македонија тоа беа градот Скопје и Скопската околија, а во Сардинија, градот Каљари и островот Антиоко.
Резултатите од овие две уметнички работилници беа прикажани во Музејот на Град Скопје во текот на вчерашниот ден. Уметниците од Сардинија ги прикажаа cвоите импресии од Македонија, а скопските уметници своите импресии од Сардинија. За жал, еден од македонските уметници, Зоран Шеќеров, сакаше да вклучи свои дела кои тематски не се поврзани и не се вклопуваат со проектот, бидејќи не се поврзани со неговиот престој во Сардинија.
Но, бидејќи за Музејот од особена важност е стимулирање на критичка уметност го покануваме Зоран Шеќеров да аплицира со овие дела за самостојна изложба. Вратите на Музејот се секогаш отворени за млади и креативни уметници од Македонија со цел промоција на македонската култура.
Фото: МИА архива
д-р Панче Велков
Директор на Музеј на Град Скопје
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.