• вторник, 12 ноември 2024

Музеј Куманово ги повика академските уметници да учествуваат на изложбата „Кумановски ликовни уметници 2024“

Музеј Куманово ги повика академските уметници да учествуваат на изложбата „Кумановски ликовни уметници 2024“

Куманово, 2 октомври 2024 (МИА) - Националната установа Музеј Куманово денеска ги повика академските уметници од Куманово да учествуваат со дела на традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2024“. Изложбата ќе се одржи и годинава во рамки на ноемвриските денови во градот. Крајниот рок за пријавување за учество е 15 октомври годинава.

- Секој учесник на изложбата потребно е да пријави едно ликовно дело по можност неизложувано, од неговата најнова продукција. Со делото треба да бидат приложени податоци од авторот (биографија), насловот и димензиите. Изложбата ќе се реализира на 10 ноември годинава, при што ќе биде испечатен и каталог. Во текот на декември делата ќе бидат вратени на авторите, изјави Драгана Спасковска – виш кустос, историчар на уметноста од НУ Музеј Куманово.

Изложбата „Кумановски ликовни уметници“ традиционално се реализира од 1956-тата година до денес, во чест на Денот на ослободувањето на градот и е дел од програмските активност на НУ Музеј – Куманово, финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам и градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Уметничката галерија. ам/мд/

Фото: МИА и Музеј Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан