• недела, 24 ноември 2024

Музејот на Народна банка повторно отворен за посетители

Музејот на Народна банка повторно отворен за посетители
Скопје, 15 март 2022 (МИА) - Музејот на Народна банка на Република Северна Македонија повторно е отворен за посетители од понеделник до петок, помеѓу 9 и 15 часот, а влезот е слободен.
Во интервју за независната платформа Умно.мк, раководителката на Музејот, Катерина Христовска вели дека и покрај ограничувањата и протоколите воведени поради коронавирусот, посетителите успеваат да одвојат време и да го посетат Музејот.
- Во оваа, јубилејна дваесетта година од нејзиното постоење, тоа е добра и одважна порака, не само спроти пандемијата, туку и во врска и со многу други состојби имплицирани од „духот на нашето време“. Придобивање на интересот на поединецот за музеите е навистина важен успех насреде оваа огромна продукција на информации, кои сè почесто конзумерски вреват, а сè помалку звучат, вели Христовска. Посетата на Музејот е во времетраење од 30 минути, а достапни се и групни посети со претходно задолжително закажување. ки/дма/

Остани поврзан