• четврток, 26 декември 2024

Музејот на ВМРО почнал со изградба пред да биде склучен Договор за тоа, потврди вештак во предметот „Тендери“

Музејот на ВМРО почнал со изградба пред да биде склучен Договор за тоа, потврди вештак во предметот „Тендери“
Скопје, 20 јануари 2021 (МИА) - Израдбата на Музејот на ВМРО започнала пред да биде склучен договор за градба со изведувачот, потврди денеска во Кривичниот суд градежниот инженер Небојша Арсовски кој го изработил вештиот наод и мислење во 2017 година по налог на поранешното Специјално Јавно Обвинителство (СЈО) во предметот „Тендери“. На прашање на обвинителот Стевчо Донев, вештакот рече дека тоа што е дадено во мислењето во стручниот наод, од анализирано може да се заклучи дека се работи за комплексна градба и дека истата е почната со реализација со основен договор во процес, каде покрај носителот на договорот се вклучени поголем број подизведувачи и дека континуитетот на градбата го пратат повеќе договори како резултат на повеќе непредвидени работи. -Фокусот на анализата е во документацијата од Договорот од 5 октомври 2011 година. Континуитетот на градбата и решавањето на проблемите во од за работи кои не се предвидени во договорот можеби е добра за динамиката на самата градба, на мислење сме дека јавната набавка со денот на воведување на работа на изведувачот дел од нив биле изведени во фаза на изведба, пред изведувачот да биде воведен во работа, појасни Арсовски. Вештакот рече дека од воведувањето на работата на изведувачот до ситуирање на работите е невозможно во тој кус период да бидат реализирани сите работи кои веќе биле изградени. -На барање на ЈО за утврдување на градежните работи за на Музејот на ВМРО од 18 август 2011, врз основа на градежната документација која не е водена во целост, на мислење сме дека од временскиот период на воведување на работа до ситуирање на работите, од анализираната документација, факт е дека технички и технолошки е невозможно да биде реализиран овој обем на работа, посебно во првата времена ситуација, дел се реализирани по ситуирање на истите, но има ситуирани позиции кои делумно биле сработени претходно и позиции кои се работени покасно со оглед на краткиот временски период, истакна вештакот. Одбраната во вкрстено испрашување на Арсовски праша дали неговата лиценца е од 2012 година која има важност пет години, односно до 2017 година, вештакот потврди но појасни дека во тој период кога го почнал вештачењето, веќе имал поднесено барање за продолжување на лиценцата. Вештакот рече дека не е само тој на кој не му била продолжена лиценцата. Обвинителот Донев рече дека кога вештакот ја добил наребата, тој имал важечка лиценца, но и на судот му посочи дека праксата на Апелциониот суд дозволува ако на вештакот му е истечена лиценцата, а да не е избришан од регистарот на вештаци да вештачи. Во „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, од проектот „Скопје 2014“. Обвинети се уште двајца членови на Комисијата за јавни набавки. Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон" од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон" од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка. бк/ац/
фото МИА архива

Остани поврзан