• недела, 24 ноември 2024

Музејот на Аушвиц одбива вовлекување на Холокаустот во израелско-палестинските односи и конфликти

Музејот на Аушвиц одбива вовлекување на Холокаустот во израелско-палестинските односи и конфликти

Варшава, 27 јануари 2024 (МИА) - Директорот на Музејот на поранешниот германски логор на смртта Аушвиц-Биркенау, Пјотр Цивињски, денеска, на Денот на сеќавањето на Холокаустот, предупреди дека страдањата на Евреите за време на Втората светска војна не смеат да бидат вовлечени во израелско-палестинските односи и сегашната блискоисточна криза.

„Музејот Аушвиц-Биркенау не е политика. Тоа е место за сеќавање. И двете страни се обидуваат. Доаѓаат писма, исто така агресивни. Одлучно повторувам, не дозволувам жртвите на холокаустот да се влечат во израелско-палестинските односи. Навистина е глупаво да се мисли дека, ако сега Израелците се во војна со Палестинците, дека поради тоа жртвите на холокаустот треба да бидат одговорни за она што го прави друга генерација 80 години подоцна“, рече Цивињски во интервју за полскиот порталот за вести Onet.pl.

Директорот на меморијалот во најголемиот логор на смртта, кој го изградија Германците во окупирана Полска за време на Втората светска војна, предупреди дека таквиот дискурс го отежнува учењето за настаните од Втората светска војна и дека доколку се продолжи овие теми да се третираат со зовриени емоции, ќе мора да најдат нови методи на дијалог.

„Во САД се почесто се слуша ставот дека ако сега Израелците убиваат Палестинци, не треба да им оддаваме почит на Евреите кои беа убиени во Аушвиц или други логори на смртта. И тоа гледиште се шири. Луѓето доаѓаат во Аушвиц и многумина сакаат да зборуваме за тоа што се случува сега, коментираат на нашите профили на социјалните мрежи. И тоа не е само наш проблем, бидејќи со него се соочуваат и музејот на холокаустот во Вашингтон, Меморијалот на Шоа во Париз или Јад Вашем во Ерусалим“, рече Цивињски. 

Директорот на музејот во Аушвиц рече дека неговите колеги од Јад Вашем и другите музеи на холокаустот забележуваат колку во јавноста сеќавањето престанува да биде морална инспирација и станува оружје во војната, кое, како што рече, не е ниту мудро ниту зрело, но во наше време - е многу популарно.

- Нашата цел е да им покажеме што се случило за време на Втората светска војна и да ги поттикнеме морално да размислуваат за себе, а не да им покажеме во кои ровови да скокаат и во кого да пукаат, изјави Цивињски за Onet.pl. ссм/

фото: 

 

Остани поврзан