• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Музети за Алкараз: Карлос е веќе легенда на нашиот спорт, иако е помлад од мене

Музети за Алкараз: Карлос е веќе легенда на нашиот спорт, иако е помлад од мене

Рим, 14 април 2025 (МИА) – Италијанскиот тенисер Лоренцо Музети искажа пофални зборови за Шпанецот Карлос Алкараз од кого вчера загуби во финалето на Мастерсот во Монте Карло. 

- Карлос е веќе легенда на нашиот спорт, иако е помлад од мене. Тој руши рекорди и понекогаш може да ја почувствувате неговата аура на теренот. Јас во вчерашното финале имав фантастичен прв сет денес и го принудив да промени нешто во својата игра. Веројатно, да бев 100 % физички подготвен, ќе можев да издржам подолго. Како што кажав на теренот, ќе се обидам да му се одмаздам ​​- ​​се надевам наскоро, изјави Музети.

Во финалето во Монте Карло Италијанецот загуби од Алкараз со 6:3, 1:6 и 0:6. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан