• недела, 24 ноември 2024

Мудис: Проценетата штета од пожарите на Хаваите е меѓу четири и шест милијарди долари

Мудис: Проценетата штета од пожарите на Хаваите е меѓу четири и шест милијарди долари

Њујорк, 23 август 2023 (МИА) - Американската компанија Мудис, која се занимава со анализа на ризици од природни катастрофи, денеска објави дека проценетата финансиска штета од неодамнешните пожари на Хаваите е меѓу четири и шест милијарди долари. 

Одделот за управување со ризици на оваа компанија во својот извештај наведува дека се очекува најголем дел од штетата да биде покриена со осигурување, во опсег од околу 75 проценти или повеќе, пренесуваат британските медиуми. 

Американскиот претседател Џо Бајден вчера престојуваше на Хаваите со сопругата Џил и најави долгорочна реконструкција на островот Мауи, каде 114 лица загинаа во пожарот, а над илјада се водат за исчезнати. 

Бајден кажа дека ќе биде со луѓето од Мауи „колку што е потребно“ и додека не го обноват она што го уништи пожарот. 

Во пожарите што го зафатија градот Лахаина на 8 август, уништени се 2.200 домови и деловни објекти. сд/

Остани поврзан