• понеделник, 02 септември 2024

Мугуруза: Трофејот на АО е една од целите во мојата кариера

Мугуруза: Трофејот на АО е една од целите во мојата кариера
Мелбурн, 3 февруари 2021 (МИА) – Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза има за цел да го освои трофејот на Грен слемот Австралија опен. Таа веќе има победено на Ролан Гарос и на Вимблдон. - Секако дека мојата цел е да дојдам до трофеи на сите од четирите најголеми светски турнири. Кога ќе го направите првиот чекор и освоите еден Грен слем, сакате уште еден,  па сите четири. Секако, ова е една од моите цели, изјави Мугуруза по победата во осминафиналето над Русинката Анастасија Павличенкова. Во четвртфиналето на Австралија опен, Мугуруза ќе се сретне со втората носителка Софија Кенин од САД. зс/

Остани поврзан