• четврток, 26 декември 2024

МТСП: Сликите кои се споделуваат за градинката „Детска Радост“ се од 2022 година кога во објектот имаше поплава, градинката е реновирана

МТСП: Сликите кои се споделуваат за градинката „Детска Радост“ се од 2022 година кога во објектот имаше поплава, градинката е реновирана

Скопје, 15 мај 2023

Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека сликите кои се прикажани од страна на родителите за состојбата на ЈОУДГ „ Детска Радост“- населба Автокоманда, Општина Гази Баба, се од почетокот на 2022 година кога настана поплава во објектот поради пукната цевка за парно во тоалетот.

Во септември 2022 година е извршено реновирање на објектот „Мимоза“, населба Автокоманда од надворешна и внатрешна страна со санација на ѕидовите. Санацијата е извршена со средства од Министерството за труд и социјална политика преку дотација.

Со ова уште еднаш се врши залажување на родителите и јавноста, а објектот е саниран. Останат е уште мал дел кој треба да се доправи од надворешна страна и е во план за оваа година да се заврши.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0NUoURABSZSxpb2Rq9X5YPUr3EYZiiKf2WLDT6xZc9CJAaqXtinAJuXLzwrih6MVyl&id=100085804710720&mibextid=Nif5oz

Министерство за труд и социјална политика (МТСП)

______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан