• сабота, 23 ноември 2024

МТСП реагира на поништено решение за разрешување директор на центар за социјална работа

МТСП реагира на поништено решение за разрешување директор на центар за социјална работа

Скопје, 10 април 2024

Вчера доцна попладне, на предлог на дополнителната министерка Јованка Тренчевска, Владата донела нелогична, противзаконска и крајно неморална одлука.

Замислете, поништено е решението со кое се разрешува директорот на Центарот за социјална работа во Радовиш. Директорот Александар Филев беше разрешен на 04.04.2024 заради поднесена една кривична пријава и 3 прекршочни пријави по различни членови од страна на Бирото за јавна безбедност СВР Струмица, ОВР Радовиш. На 9 март МВР информираше дека во полициската станица во Радовиш на 8 март бил приведен А.Ф. (36) откако во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници. Пред само еден месец истото лице, Александар Филев бил приведен во полиција за недозволена трговија со дрога.

Заради тешки повреди на угледот на институцијата министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски донесе решение за  негово разрешување.

Ја прашуваме, јавно, дополнителната министерка Јована Тренчевска дали е свесна за штетата која ја прави на Центарот за Социјални работи Радовиш и на Министерствотo кое во дел од својата работа е да заштити жртви токму од вакви дејствија како што ги направил кадарот која она го поставила.

На што сѐ сте подготвени за да ги заштите вашите кадри?

 

Министерство за труд и социјална политика

 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан