• четврток, 26 декември 2024

МТСП: Претходното раководство придонело за затворање на засолништето за жртви на семејно насилство во Свети Николе

МТСП: Претходното раководство придонело за затворање на засолништето за жртви на семејно насилство во Свети Николе

15 февруари 2024 

По остри реакции на граѓани од источниот регион за затвореното засолниште за жртви на семејно насилство во Свети Николе, министерот Ѓоко Велковски веднаш го посети овој објект и наиде на затворени врати.
Во услови кога бројките на жртви на семејно насилство растат, да се затвори објект кој е од клучно значење за заштита на жени жртви на насилство е крајно нехумано и нечовечки од страна на власта која 7 години ја води државата. 

Вработените во Центарот за социјална работа Свети Николе биле немоќни да ја санираат состојбата и не наишле на слух во  министерството. Откако пред единаесет години е отворен центарот, во последните седум години не е вложено ниту еден денар. Ниеден претходен министер, дури ни стручните служби во министерството задолжени за оваа област, немале заинтересираност за овој објект.
Шелтерот за жени не функционира повеќе од една година. Кога немате поддршка од централната власт не можете да  направите ништо. Единствено градоначалникот на Општина Свети Николе ни помогна во санирање на поплавата која ни се случи - велат вработените.
Според Велковски токму ваквите состојби на рушење и негрижа за жените жртви доведува до фемициди каде жени страдаат од убиства.
Инаку, Шелтер центарот е  граден со поддршка на УНДП во време на владеењето  на Владата на ВМРО ДПМНЕ.
Истамбулската конвенција чиј потписник е државата точно пропишува стандарди за сервиси и услуги за жени  жртви на насилство и семејно насилство и недозволиво е да се запоставуваат вакви капитални инвестиции.

Со почит,

Министерство за труд и социјална политика

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МТСП 

Остани поврзан