• четврток, 26 декември 2024

МТСП: Исплатата на паричниот додаток за енергенси од 1203 денари, ќе продолжи да се исплаќа од месец октомври

МТСП: Исплатата на паричниот додаток за енергенси од 1203 денари, ќе продолжи да се исплаќа од месец октомври

Скопје, 5 мај 2023 (МИА) - Исплатата на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за корисници на Гарантирана минимална помош и право на социјална сигурност за стари лица престанува со исплатата за месец март, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика во врска со информациите изнесени во јавноста за намалување на износот на паричните права од социјална и детска заштита.

-Имено, овие корисници го добиваат овој додаток во висина од 1203 денари согласно последното усогласување во јануари 2023 година, заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси за месеците од октомври до март, согласно Законот за социјалната заштита, се наведува во соопштението од МТСП.

Со оглед дека во тек е исплата на паричните правата од социјална и детска заштита за месец април, како што посочуваат од МТСП, престанува правото на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, а истото ќе продолжи да се остварува од месец октомври оваа година. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан