• недела, 24 ноември 2024

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2023 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.

Од МТСП информираат дека со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа денеска за оние чии презимиња кои почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ и утре за оние со презимиња кои почнуваат на буквите М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш. сст/лв/

Остани поврзан