• петок, 27 декември 2024

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) -  Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2023 година.

-Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, започнувајќи од денеска, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од МТСП потсетуваат дека со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето. љм/ац/

Фото: МТСП

Остани поврзан