• недела, 24 ноември 2024

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2022 година почна денеска, информира Министерството за труд и социјална политика. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска - 3 март 2022 година. Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра. сст/дма/

Остани поврзан