• понеделник, 29 јули 2024

МТКФ организира летен камп и куп „Валона 2020“

МТКФ организира летен камп и куп „Валона 2020“
Валона, 22 август 2020 (МИА) – Македонската традиционална карате федерација од денес до 29 август 2020 во Валона, Албанија ќе одржи традиционалниот МТКФ летен карате тренинг камп „Валона 2020”. - Во соработка со Албанската традиционална карате федерација МТКФ за прв пат ќе организира тренинг камп во Валона на кој ќе учествуваат каратисти од Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово. Семинарот ќе го водат: проф. Венцислав Недев, др. Дејан Недев и др. Аљоша Недев. Како секоја година на крај од семинарот ќе се организира меѓународен турнир и полагање за ученички и мајсторски појаси, информираа од МТКФ. Семинарот ќе биде и подготвителен за претстојниот Европски шампионат кој во декември треба да се одржи во Прага, Чешка како и Балканијадата во декември во Скопје. зс/

Остани поврзан