„МСУ водич“ утре во Музејот на современа уметност
- Во Музејот на современата уметност - Скопје утре напладне ќе се одржи „МСУ матине и водич“ со кустосот Бојана Јанева во чии рамки е организирано разгледување на низ три самостојни изложби поставени во МСУ, по што ќе следува музички блок со Дарко Јорданов.
Скопје, 24 октомври 2025 (МИА) - Во Музејот на современата уметност - Скопје утре напладне ќе се одржи „МСУ матине и водич“ со кустосот Бојана Јанева во чии рамки е организирано разгледување на низ три самостојни изложби поставени во МСУ.
Посетителите ќе имаат можност да ги видат „Самостојна изложба на Ибрахим Махама“ - куратор Нада Прља, концептуален соработник Тихомир Топузовски и проектен менаџер Ангелика Апсис; изложбата „Билни прилагодувања“ на Оливер Мусовиќ, кураторка Ивана Васева, и „Музеј отворен до понатамошно известување“ на Џем А., чии куратори се Јованка Попова и Никола Узуновски.
По разгледувањето на изложбите ќе следува музички блок со Дарко Јорданов, најавуваат од МСУ .хс/вг/
Фото: МСУ