• вторник, 24 декември 2024

Лекот против мпокс не е ефикасен, вирусот брзо се шири

Лекот против мпокс не е ефикасен, вирусот брзо се шири

Брисел, 19 август 2024 (МИА) - Антивирусниот лек „Tecovirimat“ не го намалува времетраењето на лезиите кај децата и возрасните инфицирани со тип 1 мпокс во Демократска Република Конго (ДР Конго), открија истражувачите од ДР Конго и САД.

Типот 1 претставува поопасен тип на мпокс во споредба со тип 2, кој предизвика епидемија во 2022 година и е поврзан со потешки форми на болеста и повисоки стапки на смртност.

Мпокс 1 несразмерно ги погодува децата, што не беше случај за време на избувнувањето во 2022 година, што ја поттикна Светската здравствена организација да прогласи глобална вонредна состојба.

-Овие резултати се разочарувачки, но ни даваат клучни информации и ја нагласуваат потребата да се најдат други терапевтски кандидати за лекување на мпокс додека продолжуваме со истражувањето, рече за Политико, Жана Марацо, директорка на Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАИД).

Студијата поддржана од НИАИД покажа дека смртните случаи може да се избегнат кога пациентите со мпокс се лекуваат во болница. Истражувачите вклучиле 597 пациенти, хоспитализирани најмалку 14 дена. Стапката на смртност, вклучувајќи ги и оние кои примиле плацебо, била 1,7 проценти, во споредба со најмалку 3,6 проценти меѓу сите случаи во ДР Конго, велат тие.

-Ова покажува дека подобри резултати кај луѓето со мпокс може да се постигнат кога тие се хоспитализирани и им се дава висококвалитетна помошна нега, се вели во соопштението на Националниот институт за здравје. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан