• сабота, 11 јануари 2025

Мојс се враќа во Евертон по 12 години: Навивачите го гледаат како спасител

Мојс се враќа во Евертон по 12 години: Навивачите го гледаат како спасител

Ливерпул, 11 јануари 2025 (МИА) - Шкотскиот фудбалски стручњак Дејвид Мојс и официјално е назначен за нов менаџер на Евертон, соопштија од англискиот премиерлигаш.

Искусниот тренер по 12 години се враќа на клупата на клубот од Ливерпул, а навивачите очекуваат повторно да ги направи „каралемите“ респектабилен тим.

-Одлично е што се вратив, уживав во 11 прекрасни и успешни години во Евертон и не се двоумев кога ми беше понудена можност повторно да се приклучам на овој голем клуб. Возбуден сум што ќе работам со новите сопственици и со нетрпение очекувам да им помогнам да го обноват клубот, изјави Мојс, кој дојде на „Гудисон“ како замена за Шон Дајч, кој беше отпуштен по серијата лоши резултати.

Шкотскиот тренер во текот на кариерата работеше во Престон, Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад, Сандерленд и Вест Хем, со кои го постигна најголемиот успех во кариерата пред две години кога ја освои Конференциската лига.

Евертон моментално се наоѓа на 16. место на табелата во Премиер лигата со 17 освоени бодови со скор од три победи и осум нерешени и порази. дс

Фото: Евертон

Остани поврзан