• вторник, 12 ноември 2024

Мојс би можел да го напушти Вест Хем поради конфликт со спортскиот директор на клубот

Мојс би можел да го напушти Вест Хем поради конфликт со спортскиот директор на клубот

Лондон, 1 ноември 2023 (МИА) - Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс може да го напушти премиерлигашот од Лондон, објави „Football Insider“. 

Шеесетгодишниот Шкотланѓанец има конфликт со спортскиот директор на „чеканите“ Тим Стејтен. Пред почетокот на сезоната тие имаа несогласувања околу трансфер политиката на клубот. 

Договорот на Мојс со Вест Хем е до крајот на сезоната 2023/24.  

По девет кола, лондонци се на на деветтото место во Премиер лигата со 14 бодови. зс/ 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан