• недела, 24 ноември 2024

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина
Скопје, 19 август 2021 (МИА) - Агенцијата за млади и спорт денес организираше прием за македонските ракометни кадетки, кои го освоија првото место на Европскиот шампионат во Клаипеда, Литванија. - Голема чест ми претставува фактот дека мојот прв селектор е денес кај нас заедно со ракометарките кои го направија овој огромен успех за македонскиот ракомет, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски. Тој додаде дека ова остварување дава сигнал дека македонскиот ракомет има светла иднина, и дека овие девојки ќе имаат можност да докажат дека сме ракометна нација. На приемот свое излагање имаше и селекторот Љубомир Савески кој се заблагодари за укажаната можност да го  искаже задоволството од беспрекорната игра на кадетките. - Способноста да се вратат од негатива од пет и повеќе голови, особено во натпревар со една велесила како што е Шпанија е показател за величината на оваа генерација, како на физички, така и на ментален план, изјави Савески. Свои импресии од шампионатот ги искажаа и двете претставнички од репрезентацијата Ива Младеновска и Бојана Коцева. Тие се задоволни од пласманот, како и од условите кои федерацијата ги обезбеди како за време на подготвителниот период, така и за време на шампионатот. зс/

Остани поврзан