• четврток, 26 декември 2024

МОФ со поддршка од Американската амбасада го спроведува проектот „Младински претприемачки вештини“

МОФ со поддршка од Американската амбасада го спроведува проектот „Младински претприемачки вештини“
Скопје, 27 мај 2021 (МИА) - Младински образовен форум со поддршка од Американска амбасада го спроведува проектот „Младински претприемачки вештини“. Проектот има за цел да ја пополни празнината што ја остави формалното образование за практични вештини и применливо знаење, додека се бори против една од клучните причини за иселување на младите - невработеноста. Како завршна активност МОФ отвара повик за пријавување на тимови, најмногу до тројца, или поединци кои имаат идеја и ќе изработат свој бизнис план до 04.06, а на 06.06 ќе го презентираат истиот пред жири-комисијата. Најдобрите бизнис планови на натпреварот “YES TEAM FOR THE WIN!” ќе бидат наградени со награди кои ќе ги поттикнат победниците да продолжат да работат на своите идеи за во иднина да ги реализираат. Преку оваа активност младите ќе добијат поттик да ги развиваат и користат своите вештини и преку надоградувањето на истите да станат поконкурентни на пазарот на трудот. -Во склоп на овој проект беа формирани три малдински клубови во градовите Штип, Охрид и Гостивар, каде членуваа средношколци од стручни училишта. Програмата по која работеа членовите беше изработена од експерт кој своето искуство го има стекнато со долгогодишна работа во ова поле. Истата програма беше консултирана, проверена и одобрена од Американската и Македонската стопанска комора, локалната бизнис заедница, општините и училиштата. Со ова МОФ направи чекор кон надминување на јазот помеѓу образовниот систем и приватниот сектор преку создавање трајни партнерства помеѓу училиштата и локалните компании и создавање одржливи наставни програми од кои идните генерации ќе имаат и понатаму корист, стои во соопштението од МОФ. Членовите на младинските клубови се среќаваа секоја сабота и обработуваа разни аспекти важни за претприемништвото.свс/скс/

Остани поврзан