• среда, 25 декември 2024

МОТ: Во Газа исчезнаа повеќе од 60 отсто од работните места

МОТ: Во Газа исчезнаа повеќе од 60 отсто од работните места

Газа, 6 ноември 2023 (МИА) - Повеќе од 60 отсто од работните места во Газа се изгубени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска Меѓународната организација на трудот (МОТ), што ја влоши и онака многу тешката економска ситуација во енклавата.

Изгубени се 182.000 работни места, соопшти МОТ во својата прва проценка за влијанието на војната, која започна откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.

- Нашата прва проценка за последиците од актуелната трагична криза на палестинскиот пазар на труд даде многу загрижувачки резултати, кои само ќе се влошат доколку конфликтот продолжи, рече регионалниот директор на МОТ за арапски држави Руба Џарадат, додавајќи дека последиците од кризата ќе се чувствуваат „многу години“.

Дури и пред војната, речиси половина од населението на Појасот Газа живееше под прагот на сиромаштија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан