• среда, 25 декември 2024

Мото ГП: Светскиот првак Бањаја во новата сезона ќе вози со број 1

Мото ГП: Светскиот првак Бањаја во новата сезона ќе вози со број 1

Торино, 23 јануари 2023 (МИА) – Возачот на Дукати, Италијанецот Франческо Бањаја, ќе настапува во новата сезона од Мото ГП шампионатот со бројот 1 на својот мотор, соопштено е денеска.

Бањаја минатата сезона триумфираше во Мото ГП шампионатот, а на моторот го носеше бројот 63.

„Не можев да се одлучам дали да го користам бројот 63 или да прејдам на бројот 1, и на крајот се одлучив за ова второто. Целта ми е да сторам сè да го задржам. Нема да биде лесно, бидејќи очекувам уште посилна конкуренција отколку минатата година, со многу ривали подготвени за борба за титулата“, изјави возачот на Дукати на промоцијата на италијанскиот тим во Мадона ди Кампиљо.

Во новата сезона за Дукати ќе вози и сонародникот на Бањаја, Енеа Бастианини.

Новата сезона во Мото ГП шампионатот стартува на 26 март во трка за Големата награда на Португалија. ег

Остани поврзан