• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МотоГП: Маркез најбрз на спринтот во Тајланд

МотоГП: Маркез најбрз на спринтот во Тајланд

 

Бурирам, 1 март 2025 (МИА) – Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез, кој стартуваше од пол-позицијата, победи на денешната спринтерска трка за Големата награда на Тајланд во класата МотоГП во своето деби за Дукати.

Шесткратниот светски првак во најсилната класа заврши пред својот помлад брат Алекс Маркез (Дукати-Гресини) и неговиот италијански клупски колега Франческо Бањаја (Дукати).

Маркез доминираше во трката од почеток до крај, и покрај притисокот и топлото време, жештината, која ја достигна максималната температура од 37 степени.

Јапонскиот дебитант Аи Огура (Априља – Трекхаус) беше најпријатното изненадување на спринтерската трка завршувајќи на четвртото место. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан