Мота за ремито со Лече: Јувентус играше добро во првото полувреме, но во второто ние забавивме
- Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота ги сумираше впечатоците од натпреварот од 14. коло на италијанското фудбалско првенство против Лече (1:1).
Торино, 2 декември 2024 (МИА) - Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота ги сумираше впечатоците од натпреварот од 14. коло на италијанското фудбалско првенство против Лече (1:1).
На голот на Андреа Камбијасо, домаќините одговорија со прецизен удар на Анте Ребиќ во 90+3. минута.
-Игравме добро во првото полувреме, но во второто намаливмесо интензитетот. Лече почна да ја презема контролата и иако добро се браневме, направивме грешки кои можеше да се избегнат. На вакви натпревари мораме да научиме како подобро да се справуваме со одредени ситуации. Работиме на подобрување на нашата игра пред следниот натпревар, изјави Мота на официјалната веб-страница на клубот од Торино.
По овој натпревар, Јувентус е на шестото место во поредокот со 26 бодови, Лече е на 16. место со 13 бодови. зс/
Фото. ЕПА