• сабота, 23 ноември 2024

Московската агенција за атомска енергија предупредува на влошување на ситуацијата во Курск

Московската агенција за атомска енергија предупредува на влошување на ситуацијата во Курск

Москва, 17 август 2024 (МИА) - Руската државна агенција за атомска енергија Росатом ја информираше Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за влошување на ситуацијата во нуклеарната централа Курск и нуклеарната централа Запорожје окупирана од Москва, јави ДПА.

Шефот на Росатом, Алексеј Лихачов, во телефонски разговор вчера, го покани генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси да го посети регионот Курск за да ја види ситуацијата во централата и придружниот град Курчатов, изјави Росатом, пренесоа руските медиуми.

-Секојдневно се повеќе аларми за воздушен напад поради заканата од украински напади, соопшти Росатом.

Според руските извештаи, делови од проектили неодамна биле пронајдени на локацијата на нуклеарната централа Курск.

Нуклеарната централа Запорожје, која Русија ја окупираше речиси две и пол години по нејзината целосна инвазија на Украина, исто така постојано е цел на напади или саботажи.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за ова. МААЕ стационираше набљудувачи во централата во Запорожје, пренесе ДПА. мс/

фото: Википедија

Остани поврзан