• среда, 18 декември 2024

Москва: Уништено складиште за гориво во регионот на Харков

Москва: Уништено складиште за гориво во регионот на Харков
Москва, 6 април 2022 (МИА) - Украинска база за складирање гориво во регионот на Харков е уништена од руски ракети, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Руските сили уништија и дел од украинската воена опрема и странско оружје на железничката станица во истиот регион, наведува Министерството. Руската армија синоќа изврши неколку воздушни напади врз областа Дњепропетровск и погоди складиште за нафта и фабрика, објави на Телеграм шефот на регионалната воена управа на Дњепропетровск, Валентин Резниченко, пренесе Би-Би-Си. гт/

Остани поврзан