Москва соопшти дека Украина истрелала британски и американски ракети кон Русија
- Москва денеска соопшти дека Украина истрелала шест американски балистички ракети АТАКМС, шест британски ракети „Сторм шедоу“ и најмалку 146 беспилотни летала кон Русија и дека дека нападот нема да остане без одговор.
Москва, 14 јануари 2025 (МИА) - Москва денеска соопшти дека Украина истрелала шест американски балистички ракети АТАКМС, шест британски ракети „Сторм шедоу“ и најмалку 146 беспилотни летала кон Русија и дека дека нападот нема да остане без одговор.
Откако Украина лансираше ракети АТАКМС и „Сторм шедоу“ против Русија минатата година, Москва возврати на 21 ноември со лансирање хиперсонична балистичка ракета, наречена „Орешник“, против Украина.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека ги соборило сите западни проектили истрелани од Украина над регионот Брјанск, како и 146 беспилотни летала надвор од областа на борбените операции. Русија соопшти дека соборила уште два ракети „Сторм шедоу“ над Црното Море.
„Акциите на режимот во Киев, поткрепени од неговите западни поддржувачи, нема да останат без одговор“, соопшти Министерството. рп/
Фото: МИА архива