• недела, 24 ноември 2024

Антонов: Инцидентот со дронот во Црно Море Москва го оценува како провокација

Антонов: Инцидентот со дронот во Црно Море Москва го оценува како провокација

Москва, 15 март 2023 (МИА) - Москва смета дека инцидентот со руски борбен авион „Су-27“ и американско воено беспилотно летало над Црното Море е провокација, соопштија ноќеска  руските државни медиуми, повикувајќи се на изјавата на амбасадорот на Русија во Вашингтон, Анатолиј Антонов,

-Овој инцидент го сметаме за провокација, рече Антонов откако беше повикан од американскиот Стејт департмент.

Американски воен дрон „MQ-9“ се урна вчера попладне во Црното Море откако руски авион „Су-27“ го погоди неговиот пропелер, соопшти Пентагон, што е прв ваков инцидент по руската инвазија врз Украина од пред повеќе од една година.

Русија негираше каков било контакт и рече дека дронот се урнал по „остар маневар“.

Руските медиуми пренесоа дека Антонов изјави дека неговата средба во Стејт департментот била „конструктивна“ и дека не е отворено прашањето за можни „последици“ за Москва по иницидентот.

-Што се однесува до нас, ние не сакаме каква било конфронтација меѓу САД и Русија. Ние сме за градење прагматични односи за доброто на рускиот и американскиот народ, рече Антонов. сд/

Остани поврзан