• петок, 20 март 2026

Москва најавува помош за Куба во услови на блокада

Москва најавува помош за Куба во услови на блокада

Москва, 19 март 2026 (МИА) - Русија разгледува можности за поддршка на Куба во услови на блокада, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Во постојан контакт сме со кубанското раководство и разговараме како да помогнеме во оваа тешка ситуација - изјави Песков.

Во меѓувреме, рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“, со околу 730.000 барели сурова нафта, се движи кон Куба и се очекува да пристигне на нафтениот терминал Матансас околу 23 март, објави „Гардијан“..

Бродот е во сопственост на руската државна компанија Sovcomflot и плови под руско знаме. ссм/

фото: архива

Остани поврзан