• четврток, 26 декември 2024

Москва забрани странци во чии земји е дозволена промена на пол да посвојуваат руски деца

Москва забрани странци во чии земји е дозволена промена на пол да посвојуваат руски деца

Москва, 25 септември 2024 (МИА) - Руската Државна дума (долниот дом на Парламентот) го одобри денеска на прво читање предлог-законот со кој се забранува граѓани од држави каде е дозволена промена на пол да посвојуваат руски деца - мерка која според законодавниот орган е неопходна за зачувување на „традиционалните вредности“.

Минатата година Русија воведе забрана за нејзините граѓани да го менуваат полот, било преку документи или медицински пат, со што се проширија мерките против ЛГБТ заедницата во земјата.

Законодавството за посвојување, кое веќе беше принципиелно одобрено од владата, беше поддржано од Думата на првото од трите читања.

Авторите на законот го претставуваат како мерка за заштита на посвоените руски деца од „потенцијално опасни услови“ во земјите од НАТО, кој ја поддржува Украина во војната со Русија.

- Оваа одлука има за цел да го заштити детството и традиционалните вредности, изјави по гласањето претседателот на Думата Вјачеслав Володин, близок сојузник на претседателот Владимир Путин.

- Мора да ги заштитиме нашите деца од опасностите што може да ги сретнат кога се посвојуваат или се одгледуваат од граѓани на странски држави, каде што е дозволена промена на полот, додаде тој. ссм/

фото: архива

Остани поврзан