• петок, 27 декември 2024

Моравјецки: „Вагнер“ ќе се обиде да го дестабилизира источното крило на НАТО

Моравјецки: „Вагнер“ ќе се обиде да го дестабилизира источното крило на НАТО

Варшава, 3 август 2023 (МИА) - Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека борците на руската паравоена група „Вагнер“ се приближуваат до источното крило на НАТО со цел да го дестабилизираат. 

-Полска ќе одговори недвосмислено на овие руски и белоруски провокации, рече Моравјецки на заедничката прес-конференција со литванскиот претседател Гитанас Науседа, пренесува Полското радио. 

Тој додаде дека во Белорусија има околу 4.000 „вагнеровци“ и дека на овој начин Русија ја тестира реакцијата на Полска и нејзините сојузници. 

-Мора да бидеме свесни дека бројот на вакви провокации ќе се зголемува, изјави полскиот премиер. 

Неодамна од Минск беше објавено дека одреден број „вагнеровци“ почнале да ги обучуваат припадниците на белоруската армија, поради што полските власти испратија над 1.000 војници во близина на границата со Белорусија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан