• петок, 27 декември 2024

Моравецки: Подготвени сме за дијалог со ЕУ, но ги отфрламе уцените

Моравецки: Подготвени сме за дијалог со ЕУ, но ги отфрламе уцените
Брисел, 21 октомври 2021 (МИА) - Полска е подготвена за дијалог за нејзините спорови со Брисел околу законите на ЕУ, но ги отфрла уцените, изјави денеска премиерот Матеуш Моравецки, кога пристигна на самитот на Европската унија. Тој рече дека Варшава ќе разговара за својата позиција, но сепак „таа смета дека ЕУ прекумерно влијае на земјите-членки, газејќи го нивниот суверенитет на начин што ќе доведе до анархија и хаос“.

- Затоа нема да дејствуваме под притисок на изнуда, истакна Моравецки. паг/

Остани поврзан