• четврток, 26 декември 2024

МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот

МОН: Честит 5 Октомври – Светски ден на учителот

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Министерството за образование и наука им го честита 5 Октомври на сите просветни работници во Македонија, посакувајќи им добро здравје и многу успеси во тековната учебна 2024-2025 година. 

-Несомнено, ја имате најважната улога во воспитно – образовниот систем. Пренесувајќи го знаењето на младите, создавате нови генерации учесници и предводници на општествените процеси. Вие ја креирате иднината на државата и потребна е поголема државна и севкупна општествена поддршка и почит кон Вас и просветителската дејност, се наведува во соопштението од МОН.

Новото раководство на Министерството за образование и наука и новата Влада, како што велат од МОН, имаат големи очекувања Вас, но и ќе го наградат вложениот труд. Повеќегодишниот план за подигнување на дигнитетот на наставничката професија и подобрување на општествено – економскиот статус на наставниците, предвидува делување од повеќе аспекти. 

-Ќе се погрижиме за подобрување на условите за работа, за континуиран кариерен и професионален развој преку обуки од интерес на профилот на наставникот. Ослободување од притисоците и влијанијата врз работата и најмногу врз оценувањето на постигањата на учениците, а ќе обезбедиме постојан и вистински раст на платите, се додава во соопштението.

Од МОН порачуваат наставниците да бидат спокојни, бидејќи  отсега Министерството за образование и наука ќе им биде доверлив партнер и во тоа ќе се уверат во времето што доаѓа. А она што го бараме за возврат е само најдобро што можат да ја работат својата работа и на децата да им го даваат најголемото и трајно богатство во животот – знаењето. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан