• сабота, 23 ноември 2024

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - Основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува, соопшти  Министертството за образование и наука во врска со  високите температури во земјава и обврската на основците до 17 јуни да следат настава од учебната 2023/2024 година.

Во соопштение до медиумите, МОН наведе и неколку препораки за заштита на учениците од топлото време - училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат, учениците да се поттикнуваат и да им се овозможи да консумираат поголемо количество вода и за време на училишниот ден да не консумираат масна и храна што содржи поголемо количество шеќери.

-Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија, информираше Министерство за образование и наука. хс/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан