• вторник, 12 ноември 2024

МОН: Процесот на признавање странски дипломи и образовни квалификации отсега ќе се спроведува и електронски

МОН: Процесот на признавање странски дипломи и образовни квалификации отсега ќе се спроведува и електронски
Скопје, 13 декември 2020 (МИА) - Процесот на дигитализација на образованието како една од приоритетните цели во програмските определби на Владата и Министерството за образование и наука со цел модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот образовен простор, подразбира и дигитализација на услугите кои им се нудат граѓаните. Во таа насока, МОН подготви акциски план кој предвидува промена на начинот и поедноставување на постапките преку кои граѓаните можат да се обратат за да добијат одредена услуга со цел остварување на одредено право, соопшти Министерството. - По конкурсите за стипендии, се дигитализира и постапката за признавање на образовни квалификации од основно, средно и високо образование стекнати во странство. За таа цел, изготвени се електронски услуги преку кои ќе може да се поднесува барање за нострификација и еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Северна Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно постоечките правните прописи, а воедно и ќе се врши електронско плаќање, се наведува во соопштението. Во него се додава дека изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука. Кон електронските услуги може да се пристапи преку Националниот портал за е-услуги www.uslugi.gov.mk, со едноставно пребарување. Министерството додава дека процесот на дигитализација на оваа услуга е реализиран со поддршка од Центарот за управување со промени и Британската амбасада во Скопје, како партнери на МОН и воопшто на Владата, во насока на унапредување на стандардите во сите општествени сегменти, вклучително и во унапредувањето на услугите кои институциите на системот ги нудат на граѓаните. Интеграцијата на услугите на порталот uslugi.gov.mk беше извршена во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација. нд/сп/

Тагови

Остани поврзан