• недела, 24 ноември 2024

МОН: Онлајн платформата е целосно бесплатна

МОН: Онлајн платформата е целосно бесплатна
Скопје, 7 октомври 2020 Министерството за образование и наука ги демантира тврдењата на Сојузот на средношколци дека онлајн платформата чини 15,5 милиони евра. МОН како што и претходно веќе информираше ја известува јавноста дека онлајн платформата е целосно бесплатна и е производ на заедничка и посветена работа на претставници од ФИНКИ, Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука и за нејзиното создавање не е потрошен ниту еден денар. Платформата е функционална и од почетокот на годината до сега над 80% од учениците од средните и основните училишта успешно ја следат наставата и се задоволни од понудениот модел. Останатите околу 20 % немаат проблеми со платформата, туку со интернет конекција или немање уреди, за што МОН е во постојана координација со градоначалниците и директорите на училиштата и тековно се решаваат овие предизвици. Министерството за образование и наука уште еднаш се заблагодарува за ентузијазмот на сите лица кои се вклучени во креирањето на платформата со цел да се обезбеди учење од далечина во услови на пандемија. Министерство за образование и наука _____________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан