• петок, 27 декември 2024

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

МОН објави конкурс за учебници за седмо одделение кои ќе се користат од наредната учебна година

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) – Министерството за образование и наука – Педагошка служба денеска објави Конкурс за учебници  за наставни предмети за седмо одделение кои ќе се користат од идната учебна 2024/2025 година.

Според објавениот конкурс, МОН очекува понуди за издавање по еден учебник за седмоодделенци за наставните предмети: Македонски јазик, Албански јазик, Српски јазик, Турски јазик, Босански јазик, Математика, Природни науки, Историја и општество и Албански јазик (изборен предмет) за VII одделение  и Албански јазик (јазик на заедницата) за V одделение.

Надоместот за пренос на материјалното авторско право за секој од учебниците е во нето износ од 327.510 денари. Право на учество на Конкурсот имаат авторите кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.

Во објавениот Конкурс се наведени условите и начинот на учество, критериумите за избор на автори што ќе се пријават и документацијата што треба да биде поднесена. Рокот за доставување на ракописите за учебници ќе заврши на 15 јануари 2024.

Бирото за развој на образованието (БРО) го испочитувало рокот даден од министерот за образование и наука Јетон Шаќири - новите наставни програми за седмо одделение да бидат готови до крајот н

Бирото за образование и наука (БРО) минатата недела ги достави до МОН наставните програми за седмо според Концепцијата за основно образование, која се спроведува етапно, и министерот Јетон Шаќири најави дека постапката за изработка на учебници ќе почне деновиве со објавување повици за автори. 

Бидејќи новите наставни програми до МОН се доставени многу порано отколку што беа доставени програмите за шесто (во март 2023), порди што учебниците доцнеа оваа година, министерот завчера посочи дека сега ќе има доволно долг период за учебниците за седмоодделенците во идната учебна година да се изработат и распределат навреме. 

-Во минатиот период имавме проблеми, но сакаме да докажеме дека со навремени повици за автори ќе имаме долг период за изработка и печатење на учебниците за наредната учебна година, изјави завчера Шаќири. хс/са/ 

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан