• вторник, 12 ноември 2024

МОН, БРО и УСАИД спроведуваат обуки за медиумска писменост наменети за наставници од основни училишта

МОН, БРО и УСАИД спроведуваат обуки за медиумска писменост наменети за наставници од основни училишта

Скопје, 7 ноември 2023

Од 18 септември 2023 година Проектот на УСАИД за медиумска писменост “Младите размислуваат“ во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието ги започнаа обуките за медиумска писменост наменети за одделенските наставници (1-5то одделение) и наставниците по мајчин јазик од 6-9 одделение во основното образование. Обуките ќе траат до крајот на март 2024 и ќе ги опфатат сите основни училишта во државата, а нивната реализација веќе се одвива на македонски, албански и турски јазик. Преку поддршката на проектот, во овие 6 месеци, ќе се реализираат над 250 обуки и ќе се обучат над 8.500 наставници низ целата држава.

Во текот на периодот на имплементација на обуките, Министерството ги поддржува БРО и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во подготовката на инструменти за теренски мониторинг на примената на обуките и етапно следење на воведувањето на медиумската писменост во наставата. Мониторингот ќе го спроведуваат наставниците и советниците кои ги држат обуките за колегите-наставници.

Обуките кои ги следат наставниците покриваат различни сегменти од медиумската писменост кои за учениците се предвидени во наставните програми по мајчин јазик во основното образование. Дел од темите кои се адресираат на обуките за наставници се поврзани со типови медиуми и нивни карактеристики, улогата на медиумите, новинарството и етичките стандарди; предизвици и опасности на социјалните медиуми; пристапи поврзани со проверка и верификација на информации и содржини, како и анализа на содржини и креирање на медиумски продукти од страна на учениците.

Континуираното организирање на обуки е единствениот начин да се зајакнуваат професионалните компетенции на наставниците и стручните соработници во училиштата, како клучна алка во воспитно – образовниот процес од која најмногу зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат.

 

Министерство за образование и наука

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан