• недела, 01 септември 2024

Монца го отпушти тренерот Стропа 

Монца го отпушти тренерот Стропа 
Монца, 13 септември 2022 (МИА) – Последно пласираниот тим во Серија А Монца го разреши денеска од тренерската должност 54-годишниот Џовани Стропа.  Отказот уследи откако Монца во воведните шест кола во италијанското фудбалско првенство загуби дури петпати и освои само еден бод.  На местото на Стропа на клупата на Монца ќе седне Рафаело Паладино, кој досега го предводеше младинскиот тим на новиот италијански прволигаш.  Монца од 2018 година е во сопственост на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, а сезонава за првпат во клупската историја обезбеди пласман во Серија А. ег/паг/ 

Остани поврзан