• среда, 27 ноември 2024

Монца во преговори со Кавани

Монца во преговори со Кавани
Рим, 8 јули 2022 (МИА) – Новиот италијански фудбалски прволигаш Монца, чиј сопственик е Силвио Берлускони, почна преговори со поранешниот голгетер на Наполи и ПСЖ, Едисон Кавани (35), објавија денеска италијанските медиуми. Кавани е слободен играч, откако на 30 јуни му истече договорот со Манчестер јунајтед, а италијанските медиуми претходно го поврзуваа со можен трансфер во Салернитана или Торино. Според Скај Спорт Италија, Монца сега се вклучува во трката како потенцијално нова дестинација за искусниот уругвајски напаѓач и клупскиот директор Адријано Галијани почнал преговори со претставниците на Кавани. Монца, која следната сезона првпат во клупската историја ќе се натпреварува во Серија А, веќе донесе шест засилувања. ег/ми/

Остани поврзан