Монпеље го отпушти тренерот по девет последователни порази
- Последнопласираниот тим во француската Лига 1 Монпеље му врачи вечерва отказ на тренерот Жан Луј Гасет по серијата од девет последователни првенствени порази.

Монпеље, 7 април 2025 (МИА) – Последнопласираниот тим во француската Лига 1 Монпеље му врачи вечерва отказ на тренерот Жан Луј Гасет по серијата од девет последователни првенствени порази.
„По заеднички договор Монпеље и Жан Луј Гасет одлучија денеска да ја прекинат мисијата што му беше доверена“, се наведува во клупското соопштение.
Гасет е отпуштен само шест месеци откако во октомври се врати во Монпеље со задача да му обезбеди опстанок на клубот во елитното француско фудбалско првенство.
На шест кола до крајот на францускиот шампионат, Монпеље заостанува осум бодови зад Сент Етјен на претпоследното место, а единаесет бодови зад местото на табелата кое води во плеј-офот за опстанок во лигата. ег
ФОТО: Фејсбук