• четврток, 26 декември 2024

Монитор: Албанските семејства загубија 430 милиони евра од пандемијата 

Монитор: Албанските семејства загубија 430 милиони евра од пандемијата 

Тирана, 1 април 2022 (МИА) – Пандемската 2020 година беше најтешката во историјата на албанската транзиција по кризата со пирамидалните штедилници во 1997 година, оценува весникот „Монитор“. 

Со месеци економската активност беше парализирана, многу поединци останаа без работа, бизнисите ја намалија активноста, додека многу луѓе се соочија со високи трошоци за лекување и за жал загубата на животи беше висока“, стои во анализата.  

Според истиот извор, објавените проценки на Институтот за статистика, ИНСТАТ, бруто домашниот производ (БДП) за 2020 година, јасно ги отсликува  последиците што пандемијата ги предизвикала врз домашната економија. 

Според ИНСТАТ, бруто националниот доход во 2020 година изнесувал околу 1,62 билиони лека (околу 13,3 милијарди евра), од 1,67 билиони лека претходната година. Во вредност, тој е намален за 53 милијарди лека или 431 милиони евра кои се 'избришани' од пандемијата. Загубите се уште повисоки, бидејќи економијата, доколку била нормална година, во просек би пораснала за околу 3 отсто. Приходот по глава на жител е намален на 579 илјади лека, со намалување од 2,3 отсто. Секој поединец имал 14 илјади лека помалку приходи годишно, како резултат на последиците од пандемијата“, оценува весникот „Монитор“. 

Додава дека БДП по глава на жител во 2020 година достигна 579 илјади лека (или 4.681 евра) од 593 илјади лека (или 4.818 евра) колку што бил во 2019 година. 

Во однос на структурата на БДП по економски активности, најголемо учество во економијата за 2020 година продолжуваат да заземаат услугите со вкупно 48,39 отсто, што бележи реално намалување за 4,13 отсто. 

Индустријата и градежништвото учествуваат со 20,01 отсто од БДП. Индустријата бележи пад од 9,48 отсто, додека градежништвото раст од 1,81 отсто. Земјоделството, ловството, шумарството и риболовот учествуваат со 19,3 отсто од БДП и реално бележат раст од 1,35 отсто. вт/паг/

 

 

Остани поврзан