• четврток, 26 декември 2024

Моника Белучи во комедија за мафијата

Моника Белучи во комедија за мафијата
Лос Анџелес, 15 октомври 2021 (МИА) - Моника Белучи ќе глуми во комедијата „Мафија мама“, заедно со Тони Колет и Роб Хубел, а во режија на Кетрин Хардвик. Режисерката е позната по хорор-романсата „Самрак“. Филмот раскажува за една Американка од предградието која одеднаш го наследува мафијашкото царство на дедо ѝ. Таа ги предизвикува и туѓите и сопствените очекувања со одлуката да го прифати „семејниот бизнис“. - Тоа ќе биде чиста забава, поддржана од солидна доза феминизам, смета Колет. Снимањето на филмот ќе почне пролетта 2022 година во Италија.  си/сд/

Остани поврзан