• четврток, 26 декември 2024

Монд: Политиката на Вучиќ се заканува да ја оддалечи Србија од влез во ЕУ

Монд: Политиката на Вучиќ се заканува да ја оддалечи Србија од влез во ЕУ

Брисел, 27 декември 2023 (МИА) - Францускиот весник Монд денеска пишува дека „под закана да ги отстрани шансите на неговата земја за влез во Европската унија, претседателот Александар Вучиќ, кој победи на изборите со сериозни нерегуларности, одбива да ги поддржи санкциите против Русија, а не се ни откажа од амбицијата повторно да го стави Косово под контрола на Србија“.

Монд наведува дека „далеку од сцената на битките во Украина, на Балканот се отвора вториот фронт на руската војна, каде што Москва се обидува да ги користи националистичките тензии како алатка против аспирациите на земјите од регионот за влез во Европската Унија“.

Парискиот весник пишува дека опозицијата негодува за исходот од изборите, на кои партијата на Вучиќ освоила 47 отсто од гласовите и наведува дека набљудувачите од ОБСЕ, Европскиот парламент и Советот на Европа укажале на сериозни изборни нерегуларности, додека српскиот претседател уверува дека изборите биле најфер во поновата историја на Србија. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан