• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Монголија ја затвори границата со Кина поради коронавирусот

Монголија ја затвори границата со Кина поради коронавирусот
Улан Батор, 27 јануари 2020 (МИА) - Монголија ја затвори границата со Кина за автомобили и пешаци во обид да го спречи ширењето на смртоносниот коронавирус од кој починаа најмалку 80 лица. - Забрането е преминување на пешаци и автомобили преку границата со Кина, изјави вицепремиерот Енхтувишин Улзисајхан. Тој истакна дека и училиштата и универзитетите ќе бидат затворени до 2 февруари, како и други јавни места. паг/

Остани поврзан