• сабота, 27 јули 2024

Монако го назначи Ади Хутер за главен тренер

Монако го назначи Ади Хутер за главен тренер

Монако, 4 јули 2023 (МИА) - Австрискиот фудбалски стручњак Ади Хутер е нов тренер на Монако. Договорот со Хатер е со важност до 30 јуни 2025 година.

 

Педесет и тригодишниот Австриец беше на чело на Борусија Менхенгладбах во сезоната 2021/22. Претходно работеше и во Ајнтрахт, Јанг Бојс и Салцбург.

 

На крајот од сезоната 2022/23, Монако заврши на 6. место во француското првенство со 65 бодови. 

 

Во новата сезона Монако нема да игра во европскоите купови. зс/

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан