• недела, 17 ноември 2024

Момче на 22 години од Шпанија се удави во градскиот базен во Битола

Момче на 22 години од Шпанија се удави во градскиот базен во Битола

Битола, 7 јули 2023 (МИА) - Доцна попладнево во СВР Битола е пријавено дека во отворениот градски базен, познат како Олимпискиот базен под Тумбе кафе во Битола се удавил шпански државјанин на возраст од 22 години.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.мт/фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан